јануари 15, 2021

Горан Калоѓера: Заев мора да си замине, тој е тумор врз здравото битие на македонскиот идентитет

Станувам сè поголем скептик за иднината на Македонија, нејзиниот јазик и националниот идентитет

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Далеку од тоа дека оваа книга е при крај. Но не е ни далеку од тоа. Читам извештаи од Македонија, ги гледам реакциите на Институтот за јазик, литература, историја, па дури и МАНУ. Го ценам тоа. И го почитувам. Луѓето работат напорно, тие зборуваат со јазикот на науката, што нивната Влада не го признава.

Станувам сè поголем скептик за иднината на Македонија, нејзиниот јазик и националниот идентитет. Имам впечаток дека на сето ова води кон некој крај, кој што не го посакува ниту еден Македонец, ниту Македонка, туку и ние од „страна“, луѓето, научниците кои едноставно се згрозуваме од политиката што ја спроведува оваа Влада.

Нема друг избор освен да се вратиме на изворите. А еден од тие извори е Коста Апостол Солев, наречен Рацин по неговата симпатија. Се навраќам на Рацин по околу триесет години и се обидувам објективно да го погледнам неговото дело, книжевно дело и придонес кон ослободувањето на неговото Повардарје, поранешна Јужна Србија, денес, за жал за Република (Северна) Македонија, која што Рацин сигурно не ја сакаше, во тоа сум прилично сигурен. Се враќам на на неговите публицистички дела, на човек кој како образована личност се осмелуваше да пишува за Хегел, неговата филозофија, Драговитските Богумили, Илинден, грнчарството, иднината на новата книжевност и, конечно, авторот на првата збирка на македонски јазик, велешки говор, со која зацрта нов пат во развојот на македонската книжевност.

Се обидувам да зборувам за човек кој поминал низ ужасната голгота на фашистичките затвори, особено бугарските, каде бил буквално масакриран, од едноставна причина затоа што верувал во подобро утре.

Јас можам да ја објавам книгата во Заедницата на Македонците во Хрватска, но нема тоа да го направам, од едноставна причина затоа што тие не ја заслужуваат. Можам да ја објавам на мојот поранешен Филозофски факултет, но нема, бидејќи и тие не го заслужуваат тоа. Можам да барам други издавачи, но нема, затоа што сум горд и пркосен човек.

Книгата ќе ја објавам во библиотеката што јас лично ја основав, библиотеката Желковиќ од мојата Корчула. И тоа на свој трошок, затоа што така сакам.

Не знам колку оваа книга ќе помогне да се подигне свеста кај македонскиот народ, но по сите овие настани, едно ми е јасно: оваа Влада мора да си замине, Заев мора да си замине, тој е тумор врз здравото битие на македонскиот идентитет, и ако не се отстрани на време (а се сомневам дека ќе се отстрани), Бели Мугри ќе бидат и ќе останат неисполнет сон на македонскиот народ.

Горан Калоѓера e хрватски славист и македонист, редовен професор по македонистика и кроатистика на Универзитетот во Риека, Хрватска.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •