јануари 19, 2021

ВМРО – ДПМНЕ: Неспособните Заев и Филипче последни ќе ја набават вакцината за Ковид – 19

Додека сите земји се борат за итна и неодложна набавка на анти корона вакцини, неспособниот Филипче најави дека таквите вакцини би можело да пристигнат дури во март наредната година. Тоа значи изгубено време, а тоа ќе доведе до поголем број загубени животи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека во соседна Србија првите вакцини пристигнуваат.

-Во соседна Бугарија до Нова Година ќе има вакцини. Во соседна Грција и во Франција вакцинирањето започнува во јануари, додека во Велика Британија веќе тој процес отпочна исто како и во Русија. Филипче пак последен ќе ја набави вакцината која значи спасување на живот, што значи дека бројката на заразени и починати ќе расте. Власта целосно потфрли во справување со корона кризата, 1901 граѓанин ги изгубија своите животи како резултат на неспособноста на Заев и Филипче. Неспособноста, неодговорноста и негрижата на Зоран Заев и Венко Филипче ја носи државата во амбис. Заев и Филпче го урнисаа македонското здравство и ја разнишаа довербата на граѓаните во здравствените установи, се вели во соопштението на партијата.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •