јануари 21, 2021

Ахмети: Колку повеќе чекаме, толку повеќе емоции ќе предизвикува историјата

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети верува во решавање на македонско-бугарскиот спор и очекува дека Бугарија ќе ги надмине чувствителните теми.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети верува во решавање на македонско-бугарскиот спор и очекува дека Бугарија ќе ги надмине чувствителните теми.

Тој во изјава за Канал 5 оцени дека колку повеќе чекаме, толку повеќе емоции се влеваат во историските прашања и очекува дека Бугарија ќе ги надмине чувствителните теми.

– Ги поддржуваме нашите сограѓани Македонци во овој многу значаен процес и сметам дека и бугарската страна ќе има предвид во овие значајни процеси. Верувавме дека Бугарија ќе најде сила да ги надмине овие емотивни ситуации, затоа што ако Балканот се внесе во историјата, ќе треба навистина да изградиме нов Балкан. Од голем интерес е ние да не го изгубиме чекорот зачленување во Европската унија – рече Ахмети.

Ахмети вели дека Демократската унија за интеграција секогаш имала конструктивен став.

– Јас сум многу сигурен дека домашните авторитети, во овој случај премиерот на земјата господинот Заев, го ставил над своите лични интереси интересот на државата, на иднината на државата, на граѓаните, на мирот, на стабилноста и верувам дека ова толку сензитивно прашање ќе се заврши, ќе се затвори – вели Ахмети.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •