јануари 16, 2021

Заев: Се преговара за придавката „македонски“ – Да нема македонска историја, туку историја на Република Македонија

Премиерот Зоран Заев во своето гостување за Радио 77 призна дека со Бугарија се преговара за придавката македонски и дека бугарската страна инсистира таа да не се користи како во примерот, македонска историја, туку дека секаде треба да пишува историја на Република Македонија.

– Во меѓународна комуникација не може да се каже македонската Влада, туку може да се каже Владата на Република Македонија. Употребата на македонското, македонската, Mакедонецот, македонските или слично не е спорно, но проблем е и кога зборувате за македонските учебници, зборувате за македонската историја, кога зборувате за Македонски Брод. Значи они инсистираат да стои историјата на Република Македонија и секаде да стои така, рече Заев.

Заев додаде дека таквата употреба кај нас политички веќе е решена и дека историчарите од бугарската страна треба да ги добијат насоките од нашето Министерство за надворешни работи.

Понатаму тој зборуваше и за реакцијата на Црвенковски.

Не му се лутам на Црвенковски за реакцијата, напротив тој треба да биде активен, рече премиерот Зоран Заев во гостување на радио емисијата „Стадион“ на Канал 77.

„Тоа знаење кое е втемелено како и кај сите други политичари може да придонесат многу. Во ЕУ земјите како и во напиот регион има такви претседатели кои се уште се активни. За мене тоа е коректив на политиките“, потенцираше премиерот Зоран Заев.

Во однос на писмото кое поранешниот претседател на СДСМ и претседател на државата, Бранко Црвеновски Заев вели дека не му се лути.

„Таман работа ако му се лутам“, рече Заев.

Запрашан за партијата и дали стравува од смена од чело на партијата тој истакна:

„Тие се мои партиски другари кои сега не се дел од раководството. Но јас ги почитуван и тоа е демократско право. Ние имаме избори во април за претседател во партијата. Тука може секој да излезе и да понуди свои понуди. Ако некој смета дека Заев треба да биде променет, бујрумте во април“, рече Заев

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •