јануари 15, 2021

Возило се преврте во тешка сообраќајка кај „Сити мол“, две лица во болница (ФОТО)

„Сообраќајката се случила околу 12 часот на булеварот „Партизански одреди“ кај „Сити мол“ во Скопје. Се судриле две возила и повредени се две лица кои се префрлени во болница“, велат од МВР. 

Од таму додаваат дека повеќе податоци околу причините за сообраќајката, идентитетот, возраста и карактерот на повредите на лицата кои се болница ќе се знае по завршување на увидот. 

Поради сообраќајката движењето на возилата пред „Сити мол“ е отежнато и има гужва. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •