јануари 24, 2021

ВИДЕО: Насилни протести во Париз, полицијата растеруваше со солзавец

Илјадници демонстранти се собраа на улиците на Париз во знак на протест против контроверзниот закон за безбедност. Демонстрантите сметаат дека плановите за безбедносна политика ги поткопуваат граѓанските слободи. Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите. Тие носеа транспаренти „Франција – земја на полициските права“ и „Повлечете го законот за безбедност“.

„Се повеќе се ограничуваат слободите, нема оправдување за такво нешто“, рече еден од учесниците на протестот.

На сличен протест минатата недела се случија насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата. Партијата на Макрон неделава објави дека ќе изврши измени во предложениот закон, со кој се ограничува споделувањето фотографии и снимки на полицајци, откако наиде на силно противење од јавноста и левицата.

Незадоволството во јавноста ескалираше кон крајот на ноември откако неколку полицајци претепаа музички продуцент роден во Африка, Мишел Зеклер, а граѓаните дознаа за инцидентот откако беше споделено видео на интернет.

Критичарите велат дека законот би им овозможил на полициските службеници да ги злоупотребуваат своите овластувања. Многумина тврдат дека дури и изменетиот предлог-закон не претставува напредок во таа насока.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •