јануари 16, 2021

„24 Часа“: Бугарија не е сама, за ветото ја поддржуваат Холандија и Данска

Бугарскиот весник „24 Часа“ пренесува дека бугарското вето за почеток на преговорите на земјава со ЕУ е поддржано и од Данска и Холандија. Во текстот се наведува дека таквата информација доаѓа од дипломатски извор во Брисел.

Весникот потсетува дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, преку својот фејсбук профил веќе изразил сомневање дека најмалку две држави преќутно го поддржуваат бугарското вето кон Македонија.

Во продолжение, изворот на весникот тврди дека дури и да нема спорни прашања за Македонија, постои големо неодобрување за преговарачката рамка за Албанија.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •