јануари 24, 2021

Филипче: Вакцината против ковид-19 ќе биде бесплатна и незадолжителна

Венко Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека започнале интензивни подготовки со цел да имаме ефикасен процес на вакцинација. Тој најави дека веќе се обезбедени 833.000 дози вакцини за 400.000 граѓани, преку ковакс механизмот, појаснувајќи дека овие вакцини ќе ги добиваат согласно планот за дистрибуција.

„Покрај овој механизам, веќе доставивме барања за директни договори до две светски компании за нивните вакцини и после нивните иницијални одговори ги чекаме и дефинитивните потврди дека ќе можеме да набавиме директно од компаниите“, вели министерот.

Филипче додаде дека имале состаноци и со економски оператори за транспорт на вакцините. На почетокот на јануари ќе стигнат фрижидерите во кои на минус 70 степени ќе се чуваат вакцините.

-Добивме потврда од една Американска фондација за фрижидери потребни за чување на вакцините кога тие ќе стигнат на почетокот на јануари, истакна министерот.

Тој појасни и кој ќе има приоритет за добивање на вакцина против Ковид-19.

-Како приоритет ќе се вакцинираат сите здравствени работници, граѓаните над 65 години и хронично болните граѓани, потоа вработените во критичната инфраструктура и во транспортот, истакна министерот Филипче и додаде дека вакцината нема да биде задолжителна и нема да се наплаќа.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •