јануари 24, 2021

Сите опозициски партии веднаш да ги вратат мандатите во собранието

Гледам и Канал 5 се жали за говор на омраза од бугарски ботови кои имаат функција на агенти провокатори. Им ги затрпуваат сајтовите со шовинистички антимакедонски коментари. Не престануваат да провоцираат и на мојов профил. Како дежурни се.


Во исто време, шовинистите од врвот на бугарската власт, обвинуваат и кукаат во европсконо дувло, дека Македонците шират говор на омраза.


Иако не постои држава во современиот свет која толку брутално и вулгарно оспорува постоење на еден народ и јазик, како тоа што го прави Бугарија во однос на Македонците
Притоа, Европа молчи и фактички се става на нејзина страна, со што гази на сите свои вредности и принципи. Како гласноговорник на Бугарија, сега бара да се откажеме и од нашиот национален празник кој го слави почетокот на антифашистичката борба.
Ви кажува ова нешто за природата на таа ЕУ?
Затоа мораме да се организираме сами да се браниме од овие обиди за оживување на фашизмот во Европа зад маската човековите права и демократијата.


Очигледно имаме предавничка власт која работи за туѓи држави против интересите на македонскиот народ. Сите опозициски партии веднаш да ги вратат мандатите во собранието. Нека предизвикаат тешка политичка криза. Само така сите ќе не извадат од дома на улица. Оваа власт мора да падне до крајот на следната година. Мора.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •