јануари 19, 2021

Силна експлозија во центарот на Белград, има жртви и повредени!

Едно лице загина, а две се повредени во силна експлозија што изутринава околу 10 часот одекна во центарот на Белград.

Како што пренесуваат локалните медиуми, експлозијата се случила во непосредна близина на зградата на РТС, на локација каде работници вршеле реконструкција на инсталациите.

Според првичните неофицијални информации, експлозијата ја предизвикала боца за заварување.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •