јануари 16, 2021

Мицкоски до Заев: Комисијата призна дека се преговара за идентитетот, а ти лажеше и се колнеше во најмилото!

Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот „македонски“, кој што го означува нашиот идентитет, додека Зоран Заев упорно нѐ убедува дека не преговара за идентитетот и историјата, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот „македонски“, кој што го означува нашиот идентитет, додека Зоран Заев упорно нѐ убедува дека не преговара за идентитетот и историјата. Бугарската страна кажува дека за придавката „македонски“ се разговара на повисоко ниво што во превод би значело дека Заев тргува, реагира Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, по неуспешното завршување на денешниот состанокот на заедничката комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија.

  • Та нели се беше во главата на вморвците? Поддршка за нашите историчари да опстојат на вистината. Лажеше додека се колнеше во најмилото и продаваше, лаже и денес. Заев е проблемот, а народот е одговорот – истакна Мицкоски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •