јануари 16, 2021

Сандаци со муниција од Втората светска војна пронајдени кај Машка плажа во Струга

Четири лимени сандаци со куршуми од различен калибар биле пронајдени при ископ во близина на „Машка плажа“ во Струга.

СВР Охрид денеска соопшти дека пронајдената муницијата потекнува од Втората светска војна.

– Во Струшката полиција пријавено е дека при правење ископ со багер во близина на хотел, пронајдени се лимени сандаци со куршуми од различен калибар од Втората светска војна. По извршен увид од овластен пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи, констатирано е дека станува збор за стара и оштетена муниција, која е безбедно е подигната од стручните екипи, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •