јануари 27, 2021

Путин нареди „масовна“ вакцинација за коронавирус од следната недела

Претседателот на Русија Владимир Путин и нареди на владата следната недела да започне „масовна“ вакцинација за коронавирус, бидејќи Русија се обидува да ја зголеми достапноста и вниманието за својата вакцина Спутник-V.

Наредбата на Путин, издадена вчера за време на телеконференција со медицинските институции во Министерството за одбрана, доаѓа во време на постојани прашања за ефикасноста на руската вакцина.

До ова дојде неколку часа откако Британија соопшти дека одобрила вакцина, изработена во заедничка американско-германска соработка, откако клиничките испитувања покажале дека е 95% ефикасна и нуди значителна заштита за постарите луѓе.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •