јануари 15, 2021

„Политико“: Вархеји е активен, ама мек кон Бугарија за блокадата на Македонија

Во анализата на работата на Европската комисија и секој комесар одделно, комесарот за добрососедстви проширување Оливер Вархеји се оценува како активен, но не и клучен играч за остранување на блокадата меѓу Бугарија. Во изминатата година тој беше мек кон Софија, а Европската народна партија (ЕПП) не беше доволно остра кон бугарскиот премиер, Бојко Борисов, пишува бриселски „Политико“.

Во делот „најлоши моменти“ од анализата на работата на Вархеји се наведува блокадата од Бугарија пишува дека блокадата на Бугарија за почнување на преговори за членство со Република Македонија, поради билатерален спор околу јазикот и идентитетот, ѝ зададе удар на Комисијата, чија цел беше да ги стартува преговорите до крајот на годинава. „Некои дипломати го обвинуваат Вархеји дека е премногу мек кон Софија, но повеќето велат дека главниот проблем е што ЕПП не беше доволно тврда кон бугарскиот премиер Бојко Борисов. Вархеји е критикуван дека е многу понаклонет кон унгарските интереси отколку кон интересите на ЕУ како целина“, пишува во анализата.

Во „добрите моменти“ од неговиот мандат досега стои дека Комисијата излезе со нова методологија за проширување, со што беа надминати пречките од Франција за Албанија и Македонија да добијат зелено светло за почеток на преговори.

„Вархеји беше лично вклучен во изработката на новиот план, иако е спорно колкава заслуга има“, пишува меѓу другото во анализата.

Но, кога се зборува што му претстои, се наведува дека клучен играч во деблокадата меѓу Бугарија и Македонија, клучен играч е Германското претседателство, а не Вархеји.

„Додека тоа не се случи, голем дел од неговата работа е замрзнат“, додава „Политико“.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •