јануари 25, 2021

Координативно тело на Македонците во светот: АПЕЛ за обединување на Македонците

Крајно огорчени, уценети и разочарани од предавничките постапки на “владата” на Зоран Заев во преговорите со Бугарија и воопшто со соседите, како и пасивноста и молкот на опозицијата во Собранието, ставовите на МАНУ, Црковниот Синод и други важни државни институции а во интерес на изнаоѓање решение на наметнатите проблеми, Македонците од светот, водени од својата неизмерна љубов и жар за татковината, упатуваат “Апел за Обединување” на сите прогресивни македонски сили во Македонија.

Всушност, овој Апел произлегува и целосно се надоврзува на неодамнешниот ваков инициран од група историчари, како и нивното протестно писмо потпишано од шеесет и двајца интелектуалци, во кое се потенцира дека идентитетот не смее да биде основа за политички диктат и така наречени историски комисии.

Конкретно се предлага:
– Иницирање на парламентарна политичка криза со излегување и напуштање на пратениците од македонскиот блок;

– Омасовување на протестите и блокирање на северните институции;

– Свикување на координативни средби и изнаоѓање решение ;

– Создавање на Национална Татковинска Влада за спас на Македонија и создавање услови за нормални предвремени легални парламентарни избори.

Апелот ќе биде упатен до сите наведени политички субјекти поединечно.

Со почит,

2 декември, 2020 година
Координативно тело на Македонците во светот

Торонто, Њујорк, Вашингтон, Женева, Лондон, Берлин, Хелсинки , Мелбурн , Перт, Сиднеј, Окланд

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •