јануари 27, 2021

И денеска протести на ВМРО-ДПМНЕ за оставка на Заев

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека и денеска ќе одржи протест во Скопје на кој ќе побара оставка од премиерот Зоран Заев, поради, како што велат од партијата, неговата распродажба на државните и националните интереси во актуелните случувања на релација Скопје – Софија.

Протестите ќе се одржат пред Владата, МНР и пред Министерство за правда, од 17 до 18 часот.

„Народот го крена гласот за предавствата на оваа власт, денес блокада на Влада, МНР и министерство за правда. И денес продолжуваме со изразување на револтот против погрешните политики на владата предводена од Зоран Заев и СДСМ. Заедно со граѓаните денес пак да порачаме на квинслингот Заев доста е со распродавање и понижување на државата. ВМРО-ДПМНЕ го предупредува македонскиот народ, граѓаните на Македонија на будно следење на тоа што се спрема, што се подготвува, на тоа што се преговара“, се вели во најавата за протестот.

Протестите на опозицијата почнаа по интервјуто на премиерот заев во кое тој кажа дека „Бугарија не е фашизам и дека имаме заедничка историја“, а по ветото од Софија за преговарачката рамка за Македонија и Европската унија. Денеска и утре има дводневен онлајн состанок на Комисијата за историски прашања на Бугарија и Македонија.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •