јануари 15, 2021

Академик Ќулавкова: Планираат метафизичка ликвидација на Македонците

Кога личниот интерес им е поважен од националниот, кога се слуги на туѓите интереси, кога го бранат фашизмот наместо Отпорот, кога шират омраза од невидени до сега размери во историјата на човештвото против сопствената татковина и сопственото културно наследство, кога се фатени во стапицата на едноумието, лишени од интелектуален рафинман, вулгарно прагматични, криминогени умови, политички коцкари, оперирани од морални и духовни вредности, арогантни во своето непознавање на историјата, јазикот, културата, неупатени во принципите на толкувањето, сервилни до бескрај, …

Тогаш се разбира дека без око да им трепне ќе се нудат сами да го трампаат она кое не се отуѓува за ништо на светот, а не за нешто крајно неизвесно, нешто кое не вреди ни да се добие ако не се добие со убаво и арно, според меѓународни стандарди, цивилизирано, како сите други, а не ултимативно и со уцена.

Таквите екс и не екс лидери со преговори планираат да извршат метафизичка ликвидација на Македонците.

Во име на подобар живот?

Па ние имавме подобар живот, вие 29 години од доброто направивте лошо, од убавото – грдо, од гордоста – срам, од слободата – неслобода, од мирот – немир, од Македонија – “проклета авлија”.

Академик проф. Катица Ќулавкова

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •