јануари 18, 2021

Џад Ло ги подгреа теориите на заговор околу пандемијата со Ковид – 19

Актерот го шокираше светот со страшна изјава и ги подгреа теориите на заговор.

Иако Ковид-19, што се појави во Кина кон крајот на минатата година, а потоа се прошири низ целиот свет и однесе многу животи, беше голем шок за многу луѓе ширум светот, сепак личноста која не била изненадена од пандемијата и нејзините последици е британскиот актер Џад Ло.

На неговите фанови им е позната неговата улога во филмот „Contagion“ („Зараза“) во 2011 година, за кој теоретичарите на заговор ширум светот веруваат дека тој го најавил коронавирусот. Во интервју за GQ, и самиот актер ги подгреа теориите на заговор кога призна дека сценариото што моментално се одвива во светот наводно веќе било подготвено однапред.

„Апсолутно имав чувство дека вакво нешто ќе се случи. За време на снимањето на филмот, бројни научници и експерти работеа со нас, објаснувајќи ни дека сценариото што го играме за филмското платно истовремено е и сценарио кое би го доживеале во реалниот живот за неколку години – објасни 47-годишникот и откри дека кон крајот на минатата година тој наводно „знаел“ што ни претстои.

„Кога започна 2020 година, а во медиумите се зборуваше за тоа како во Кина се шири некаков вирус, за жал, не бев изненаден. Знаев дека дошло до она што ми го зборуваа пред девет години – изјави актерот, па теоретичарите на заговор добија еден вид поддршка, а своите приказни без докази ги поткрепија на неговото тврдење.

Патем, кога за првпат се појави во киносалите, филмот „Зараза“ заработи 136,5 милиони долари, а неговата популарност нагло се зголеми оваа година, за жал, токму поради тематиката што потсетува на моменталната епидемиолошка катастрофа во светот.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •