јануари 25, 2021

Топла чорба од компири и сланина за ладни зимски денови

Есента и зимата си бараат топли јадења и за стомак, и за душа. ❤️
Оваа чорба од компири и сланина е soul food по дефиниција, се’ што не чинело во текот на денот поправа. 😁

Потребни состојки:
🍂 200 гр сланина
🍂 1 поголем кромид
🍂 1 струк праз
🍂 2 чешниња лук
🍂 6 средни компири
🍂 200 мл млеко
🍂 150 гр кашкавал
🍂 Вода
🍂 Зачини по желба (сол, бибер, кимион, рузмарин, куркума, магдонос, чубрица)

Начин на подготовка:
Во суво тенџере најпрво испржете ја исецканата сланина, и тргнете ја на страна. Во маснотијата од сланината, ставете ги кромидот (за оваа чорба препорачувам црвен кромид), лукот и празот да омекнат. Штом се омекнатини стаклести, додајте го млекото, поклопете и варете 5 минути. За тоа време, излупете ги компирите и исецкајте ги на коцки.
Содржината од тенџерето изблендирајте јаз вратете ја во тенџерето заедно со компирите, налејте вода колку да ги покрие компирите и ставете ги сите зачини и варете 20-тина минути. Со алатка за пире испасирајте ги компирите и додајте го кашкавалот (јас користам чедар, превкусно е). Измешајте убаво да се стопи, убаво да зоврие еднаш и тоа е тоа! 🙂
Послужете со топче павлака, сецкан млад кромид, власец, лут буковец и малку кашкавал.

Наздравје! ❤️

Шеф Елена Макаловска Јовевска

Видете повеќе рецепти на следниов линк.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •