јануари 24, 2021

Силјановска: На Македонија ѝ се заканува вирусот Зоран Заев

Професорката и пратеничка Гордана Силјановска Давкова денеска на протестот пред влада предупреди дека на Македонија ѝ се заканува смртоносен вирус:

„Вирус кој се заканува дека ќе го загрози идентитетот, јазикот и историјата на Република Македонија. Тој вирус се нарекува Зоран Заев“, изјави Гордана Силјановска Давкова.

Професорката рече дека ако некој сака да биде почитуван, мора да има самопочит.

„Јас затоа им благодарам на сите оние, не само оние кои се овде туку и на оние кои што се одважија гласно да ја изразат самопочитта кон себе, кон својот народ, кон своите граѓани, кон својата држава. И тоа не е случајно. Горда сум на Универзитетот на кој што многу генерации сум учела на право, правда и морал, исто така што се огласи. Универзитетот „Кирил и Методиј“, Институтот за национална историја, МАНУ, Машински факултет, Европското движење чиј еден од основачите сум, и уште многу други институции, но и интелектуалци, но и луѓе кои што се основачи на многу партии“, рече Силјановска-Давкова.

Таа додаде дека  Македонците не се без корен.

„Република Македонија има длабоки корени во минатото. Името Македонија се споменува и во Библијата. Оваа држава не може никој да ја уништи, нејзината историја е длабока што не може ниту еден договор да ја избрише. Македонците како и сите народи имаат право на своја историја, свој јазик и свој идентитет. Не, не сме ние без корен. Името Македонија ќе го најдете не само во Библијата, туку во многу, многу книги. Името ќе го најдете во многу, многу анализи, на многу карти“, рече Силјаноска Давкова.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •