јануари 27, 2021

Села: Бугарија треба да го признае македонското малцинство

Лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села смета дека е право на секој граѓанин ако соседот го признае неговото малцинство, осврнувајќи се на состојбата со Бугарија.

„Ако се земе предвид што се бара од страна на Бугарија, мислам дека не треба тоа да е однесување на земја членка на ЕУ, но во ЕУ има многу членки кои спречуваат нивните соседи да се признаат, кои се теми од почетокот на 20. век. Верувам во самоопределување на секој граѓанин на земјината топка, тука не треба да има дилеми. Кога даваме вакви изјави, треба да дозволиме и другите да се чувствуваат онака како што се чувствуваат. Тоа би било добар почеток за добрососедство, тоа треба да се нашите позиции, кога добрососедството е еден од главните приоритети, мислам дека соседите треба да се признаат едни со други, треба соседите да си ги признаат малцинствата, тоа е право на секој граѓанин“, вели Зијадин Села, лидерот на Алијанса на Албанците во Студио 10 на ТВ24.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •