јануари 21, 2021

Обединетото Кралство прва држава во Светот која ја одобри вакцината на „Фајзер“

Велија Британија стана првата земја која ја одобри употребрата на вакцината во Светот, јавува Би-Би-Си. Станува збор за вакцината на „Фајзер“.

Британскиот регулатор МХРА објави дека вакцината, која според последните истражувања има 95% ефикасност за заштита од коронавирусот, е сигурна за дистрибуција.

Би-Би-Си наведува дека вакцинацијата може да почне за неколку дена.

Обединетото Кралство има нарачка од 40 милиони дози, а со оглед дека секој мора да прими две дози, тоа ќе биде доволно за 20 милиони жители. Наскоро ќе бидат достапни уште 10 милиони дози.

Вчера беше објавено како „Модерна“ и “Фајзер БиоНТех“ се во тесна трка за користењето на нивните вакцини во Европа, откако двете компании од ЕУ побараа одобрување, иако остана нејасно дали ќе може да се користи вакцината уште оваа година, или ќе мора да се чека на следната.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера зборуваше за вакцините. Тој истакна дека првата доза треба да пристигне во 400.000 вакцини, и очекува некаде кон март идната година.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •