јануари 25, 2021

Македонските и бугарските историчари се „судрија“ уште пред утрешната средба (видео)

Тензии мегу бугарските и македонски историчари пред утрешниот состанок на заедничката комисија за историски и образовни прашања.  Шефот на бугарскиот историски тим Ангел Димитров за БНТ вели дека не е оптимист за исходот,  со оглед на тоа што во моментов се случува во Скопје. Тој ги обвини македонските колеги дека не сакаат напредок за разлика од политичарите, повикувајќи се на интервјуто на премиерот Заев за БГНЕС. Од друга страна бугарската позиција е единствена и монолитна, истакна бугарскиот историчар.

Бугарската позиција е единствена, таа е политички монолитна. Прашањето е што ќе се случи таму со тоа разминување меѓу кажаното на политичко ниво и таа игра на самостојност која што се обидуваат да ја демонстрираат нашите колеги.

Копретседателот од македонската страна Драги Горгиев е зачуден од политиканството на својот бугарски колега. Му порача историчарите да се фокусираат на научната расправа а не на политиката.

„Зачуден сум од силната политичка изјава на колегата член на академско и експертско тело, и тоа во пресрет на новата средба. Ставот за монолитна политичка позиција во однос погледите за минатото е како одек од едно друго време. Исто така, да се подредува нашата работа на политички барања и погледи е академски неприфатливо“ рече Ѓоргиев за Слободна Европа.

Дводневниот состанок на заедничката комисија ке се одржи онлајн, со пресрет на одлуката на ЕУ  за старт на преговорите, процес кој е блокиран од бугарска страна.

Извор: Тв Сител

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •