јануари 15, 2021

Героски во “Заспиј ако можеш”: Двајца поранешни премиери со “бугарски опашки” ќе ги решаваат бугарските делови од македонската историја

-Двајца поранешни македонски премиери се ангажиарни во овој процес со Бугарија, односно Владо Бучковски како специјален преставник на премиерот Заев и Љупчо Георгиевски како лобист на оваа Влада. Но, позициите на Софија се толку тврди, така да мислам дека не ќе можат да постигнат никаков договор со нашата влада. Мислам дека не ќе може да се собере таква политичка храброст и лудост за да се постигне тој договор. Тоа се позиции кои за нас Македонците се неприфатливи и не верувам дека некој ќе собере храброст тоа да го потпише, истакна Бранко Героски новинар и уредник, во вечерашната емисија “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија.

Тој додаде дека премиерот Заев ја минимизира улогата на историската комисија затоа што таа му откажа послушност.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •