јануари 15, 2021

Германскиот претседател: Неуспехот на Трамп на изборите e среќен настан за Европа

Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер смета дека фактот дека Доналд Трамп ја загуби битката за претседател на Америка е „среќен настан за Европа“.

„Мислам дека тој ден (претседателските избори на 3 ноември) е среќен настан за Европа. Сега е можно да се запре понатамошната ерозија на мултилатерализмот и слабеењето на меѓународните организации. Можеме повторно да разговараме со Американците, а споровите да не не разделуваат. Тоа е неверојатно многу ако земеме предвид што се преживеавме“, изјавил Штајнмаер во интервју за неделникот „Цајт“.

Кандидатот на Американската демократска партија Џозеф Бајден е победник на изборите, откако истото го сторија и американските медиуми, но сегашниот претседател Доналд Трамп ги оспорува резултатите.

Трамп го одобри почетокот на процесот за пренесување на власта на Бајден, но тој не се откажува од оспорување на резултатите на суд.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •