јануари 27, 2021

(ФОТО) Ја разбесни нацијата: Рита Ора мисли дека правилата не важат за неа затоа што е богата

Пејачката Рита Ора го прекина „локдауност“организирајќи прослава по повод нејзиниот 30-ти роденден.

Рита на забавата покани триесетина луѓе кои присуствуваа на тајна забава во ресторан во западен Лондон, што беше остро осудено од јавноста.

„Тие мислат дека правилата не важат за нив затоа што се богати и славни?, коментира медицинскиот работник, а пренесува британски „Сан“.

Британците кои го почитуваат „Локдаунот“, ја нарекоа Рита себична ковид-измамничка.

Меѓу гостите беа многу пријатели на Рита од шоу-бизнисот, како што се моделите Кер и Попи Делевиње.

Сестрата на Рита, Елена, Вас Морган и многу други беа видени како минуваат низ задниот излез носејќи шишиња алкохол.

Во еден момент полицијата дошла во ресторанот и биле снимени како ѕиркаат низ прозорецот обидувајќи се да влезат во ресторанот кој бил заклучен.

“Рита и нејзината сестра први дојдоа во ресторанот. Имаше околу 30 гости, сите беа многу гламурозно облечени и влегоа во зградата од задната страна, додека чуварите го чуваа предниот дел за да се осигурат дека никој друг нема да влезе. Забавата траеше до раните утрински часови “, изјави извор за Сан.

Во меѓувреме, сопственикот на ресторанот тврди дека првпат слушнал за забавата и дека ресторанот е во сопственост на акционерите.

За потсетување, британската влада воведе блокада од 5 ноември до 2 декември во обид да спречи социјални собири. Рестораните се затворени, достапна е само достава.

Фото: Инстаграм/ritaora

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •