Слободни Фрлања со Никлеман (видео)

Втора епизода од серијалот Слободни Фрлања со Никлеман. Овој пат гостува плејмејкерот на прволигашот КК Пелистер од Битола – Бобан Стајиќ.
Проектот има хуманитарен карактер. Овој пат собраните средства од успешните слободни фрлања се донирани на сметката на Елизабета Бабунска, мајка на 2 малолетни деца, која боледува од карцином на желудник, на која и е потребна значителна сума на средства за лекувањето во Турција.
Апел до општествено одговорните и хумани компании да ја поддржат оваа емисија со што би се донирале повеќе средства онаму каде што се потребни.
Авторот на проектот, Никола Митревски може да го контактирате на следнава е-пошта:
Сподели