јануари 15, 2021

ОРГИИ ВО БРИСЕЛ

Белгискиот печат пишува дека во подрумот на геј-барот  се најдени 25 голи мажи, меѓу кои и гореспоменатите политичари. Полицијата интервенирала по поплака од соседите заради вознемирување на јавниот ред и мир, доцна навечер, во време кога во Брисел е на сила забрана за движење и собирање.

Наводно неименуваниот евро-пратеник се обидел да избега преку прозор, меѓутоа се повредил и сепак бил прибран од полицијата. Вториот обид за спасување му бил да се повика на пратеничкиот имунитет.

Според правилата, на пратениците не им следува имунитет доколку се фатени на лице место како извршуваат прекршок.

Од Европскиот парламент ништо не потврдуваат околу случајот.

Сите присутни биле казнети за прекршување на мерките против коронавирусот.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •