јануари 15, 2021

Мицкоски: Масовно и гласно да порачаме оставка на Заев, слобода на народот

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ побара граѓаните масовно денеска да излезат на протестот што го организира партијата во 12,30 часот и да побараат оставка од премиерот Зоран Заев.

Протестната поворка ќе се движи од МНР до Владата од 12.30 до 14 часот.

“Само политички аматер преговара за јазикот, идентитетот и историјата на својот народ. Сега мораме тоа да го спречиме, денеска блокираме пред Влада и МНР.
Денес е денот кога треба да сме масовни и гласно да порачаме: Оставка на Заев, слобода на народот!”, порача Мицкоски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •