јануари 25, 2021

ВМРО-ДПМНЕ: Утре блокади во Скопје и протести во 15 градови

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение ги повикува граѓаните утре на протести пред Владата и Министерството за надворешни работи како и во други 15 града.

Инаку, протестот пред Владата на Македонија и Министерството за надворешни работи ќе започне во 15 часот, додека пак протестите низ 15 градови (Куманово, Македонска Каменица, Пробиштип, Делчево, Пехчево, Берово, Виница, Радовиш, Валандово, Дојран, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид) ќе започнат во 18 часот.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •