јануари 26, 2021

Владата го именува Бучковски за специјален претставник за Бугарија?

Поранешниот премиер и министер, Владо Бучковски, ќе биде специјален претставник на македонската Влада за Бугарија, откако Владата предмалку го именува Бучковски на оваа позиција, објави „360 степени“.

„Фокус“ се обиде да ја потврди информацијата во Влада, но од таму посочуваат дека владината седница се уште трае, а по завршувањето ќе испратат соопштение до медиумите.

Бучковски во последно време, е мошне често присутен и на медиумите во Бугарија, каде што ги пренесува своите ставови во однос на надминувањето на недоразбирањата со Република Македонија.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •