јануари 24, 2021

Автомобил влета во пешаци во Германија: Четворица мртви, околу 30 повредени (видео)

ПОВЕЌЕ луѓе загинаа, а околу 30 беа повредени кога автомобил влета во пешаци во германскиот град Трир.

“Уапсивме едно лице, автомобилот беше запленет. Според сегашните податоци, две лица се убиени”, напиша полицијата на Твитер.

Тие подоцна рекоа дека биле убиени неколку лица. Според германските медиуми, биле убиени четири лица. Меѓу нив е и мало дете. За нападот е уапсен 51-годишен Германец. Мотивот е непознат. Трир е град во сојузната покраина Рајнска област-Пфалц во западна Германија.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •