јануари 27, 2021

Ѓуро ќе ти прости што те тепаше

Не е време за смеење. Напротив, време е за плачење. Но, кога лошото, од ден на ден е полошо, во духот на старите македонски обичаи (како во потресната сцена од „Пиреј“ кога Велика и нејзината јатрва го закопуваат претпоследното дете, место кукање и солзи од пресушените очи, за да „пукне“ лошото и да го куртулат барем последното, и тоа е на смртна постела, играат оро на гробот), така и јас, кога врие јад и чемер во мене, за наслов на ова мое писание, позајмив дел од легендарната реплика од култната југословенска комедија „Балкански шпиун“, ова во својата најнова колумна за „Плус инфо“ го пишува Митре Велјановски кој воедно беше и пратеник од редовите на СДСМ.

И, колку да звучи комично и контрадикторно, за жал, токму таква е денешната македонска состојба во односите со „мајка“ Б`лгарија.

После осумдесет години, после осумдесет илјади документи, се разбира, ако прифатат дека имаат бугарски корени и дека јазикот им е бугарски дијалект, тогаш, Бугарите ќе им простат на Македонците затоа што четири години (од 1941 до 1944) ги тепаа и ги убиваа.

Цела вселена, освен неколкумина, знае дека:

На први март 1941 година, во Виена, тогашниот бугарски премиер, Богдан Филов го потпиша Тројниот пакт;

Истиот ден, Рибентроп, официјално го известил бугарскиот премиер дека Бугарија ќе добие излез на Егејско Море помеѓу реките Струма и Марица;

Бугарското Народно собрание го ратификува со 140 гласа „за“ и 20 „против“;

Окупатори или администартори? – Одговорот ќе го најдете во Париските мировни договори од 10 февруари 1947 година, според кои, Бугарија беше обврзана да исплати репарации во износ од 45 милиони долари на Грција и 25 милиони долари на Југославија (администратори не плаќаат репарации).

Целата колумна прочитајте ја ТУКА.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •