јануари 16, 2021

Црни бројки: Македонија ги надмина САД по бројот на смртни случаи на 1 милион жители

Бројот на смртни случаи во Македонија од Ковид-19 рапидно се зголемува, а тоа придонесе нашата земја да ги надмине САД по бројот на смртни случаи на 1 милион жители.

Така, Македонија сега се најде на 9. место во Светот по оваа статистика.

Македонија има 831 смртен случај на 1 милион жители, надминувајќи ги САД кои имаат 823.

На чело на оваа листа е Белгија која има 1,425 смртни случаи на 1 милион жители, па после неа следува Сан Марино со 1,325, па Перу со 1,083.

Во првите 10 земји се уште и Андора, Шпанија, Италија, Обединетото Кралство, Аргентина и САД.

САД е прва по бројот на смртни случаи воопшто. Америка регистрираше над 273 илјади починати од Ковид-19, а оваа земја има и најмногу регистрирани случаи на коронавирус, односно блиску 14 милиони.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •