јануари 16, 2021

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е партија во стечај, ВМРО – ДПМНЕ: Заев да си гледа во својот двор, пола раководство му бара смена

„Извршители тропнаа на вратата на ВМРО-ДПМНЕ и поради неплатени долгови направени за околу 270 уметнички слики во позлатени рамки, со мотиви на поранешното раководство на партијата, кое го држеше народот во сиромаштија за време на 11-годишниот режим“,велат социјалдемократите.

Заев да си гледа во сопствениот двор, пола раководство му бара смена, велат од ВМРО-ДПМНЕ по информацијата која ја соопшти СДСМ дека во седиштето на опозицијата дошле извршители поради долгови за луксузните уметнички слики.

-На повидок е најнов скандал за водење на тајни разговори во Софија каде се распродава идентитетот, јазикот, историјата. За долговите ги повикуваме да ги праша тие што му седат во скутот на Заев и работат за него со цел спас на неговата фотелја. Воедно да го прашаат и за Кацарска судството и Русковска обвинителството за притисоците и уцените кои ги вршат врз ВМРО-ДПМНЕ. Но залудно, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа политика на свиткана кичма и компромиси со криминали не правиме, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •