јануари 15, 2021

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев бара попис во Македонија за да се види колку Бугари има

И поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев, во својата анализа за 24 Часа за македонско-бугарските односи смета дека Македонија треба да се откаже од наследството и идеологијата на „комунистичкиот диктатор Тито“

„Големата драма на Владата на Република Македонија не е Бугарија, туку прво – наследството и идеологијата на комунистичкиот диктатор Тито, поддржана од силно српско-руско влијание, и второ – идејата за „Голема Албанија“, која е фиксирана во сознанието на Албанците во Република Македонија. Второто е навистина големиот проблем и тој може да биде решен само ако Република Македонија и Република Албанија преговаарат и се присоединат во ЕУ заедно“, пишува Плевнелиев.

„Раководството во Скопје не треба да очекува дека Бугарија ќе се откаже од богатата историја под меѓународен пристисок. Не е добар план премиерот Заев да продолжува да настојува за македонско малцинство во Бугарија, бидејќи тоа никогаш не постоело. Во Скопје се загрижени дека Бугарија нема да го признае нивниот идентитет и јазик. Тоа не е вистина“, тврди поранешниот шеф на Бугарија.

Неговото мислење е дека длабоката разочараност во Бугаријја се должи на тоа што Договорот за добрососедство не ги дава очекуваните резултати, односно дека нема промена во учебниците, видлив е говорот на омраза кон граѓаните со бугарско потекло и останува наративот проектиран од времето на Тито дека тие се ‘татари, фашисти и окупатори'”. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •