јануари 25, 2021

Да му помогнеме на Бојко барем да биде помалку несмасен кога во иднина ќе продава вакви лаги кои навредуваат интелигенција

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, вели дека само од македонскиот парламент научил дека има етнички Македонци кои живеат под бугарска власт. Знаеме дека тој е исто толку образyван и просветлен како и „северномакедонскиот“ квислиншки премиер, Зоран Заев, но со оглед на неговиот мандат во бугарските државни служби за безбедност, враќајќи се во комунистичката ера, кога учествуваше во кампањи за сузбивање на големите етнички малцинства , вклучително и македонското, турското и ромското, тешко е да се верува дека ТОЈ е неук. Исто како што е тешко да се прифати дека неговата Влада сериозно верува дека Фашистичка Бугарија не ја окупирала Македонија за време на Втората светска војна, како сојузник на Хитлер, и учествувала во депортацијата и истребувањето на Евреите, заедно со систематскиот терор над Македонците кои не прифаќале бугарска власт.

Исто како што е тешко да се поверува дека ЕУ би имала во своите редови претставници на таков корумпиран и угнетувачки режим, составен од поранешни сталинисти со фашистички симпатии, кои на Запад би биле третирани на начин на кој се третираат негирачите на холокаустот. Во секој случај, да се обидеме да му помогнеме на Бојко барем да биде помалку несмасен кога во иднина ќе продава вакви лаги кои навредуваат интелигенција.

Со едноставно пребарување на Гугл под „Човекови права на Македонците во Бугарија“ ќе му биде доста појасно, но еве неколку специфични врски колку за почеток на неговите советници:

https://www.legislationline.org/documents/id/16666

http://hudoc.echr.coe.int/eng-press?i=003-413149-413332

https://www.amnesty.org/en/countries/europe-and-central-asia/bulgaria/

http://macedonianhr.org.au/contents/144

https://www.legislationline.org/documents/id/15800

https://www.pollitecon.com/html/ebooks/2018-Annual-Report-on-the-Human-Rights-Situation-of-the-Macedonian-Minority-in-Bulgaria.pdf

http://www.civicsolidarity.org/article/1640/respect-and-recognition-macedonian-minority-bulgaria-strong-condemnation-announcements

https://mhrmi.org/news/annual-report-bulgarias-systematic-persecution-of-its-macedonian-minority

https://www.hrw.org/reports/GREECE945.PDF

Автор: Игор Аврамовски Александров

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •