јануари 15, 2021

Дачиќ: Ако сте толку желни за прегратка, зошто чекавте 30 години

Претседателот на српското Национално собрание, Ивица Дачиќ, оцени дека премиерот на Република Македонија, Зоран Заев не е политички незнајко и дека знае дека неговите неодамнешни изјави за Бугарија не се точни, но дека му треба согласност на Софија за да започне преговори за членство во ЕУ.

Во емисијата „Хит Твит“ на ТВ Пинк, Дачиќ рече дека второто прашање е до каде ќе отиде Заев во тоа.Дачиќ реагираше на изјавата на Заев дека Југославија е виновна за одвојувањето на Македонија од Бугарија и дека во таа земја имало бугарска администрација за време на Втората светска војна.

„Но, немојте бугарската окупација да ја прогласувате за администрација. Бугарите беа на страната на нацистичката Германија на Хитлер, а ние на југот знаеме колку беа тешки бугарските злосторства. Со тоа тие плукаат по нивната антифашистичка борба. Еве Југославија повеќе ја нема, што чекате. Ако се толку желни за прегратка, тие не би ја чекале 2020 година “, рече Дачиќ.

Дачиќ додаде дека не би сакал никој да помисли дека жали за Југославија, која, како што вели, ја сака, но изјави дека денот кога е создадена бил несреќен ден за српскиот народ.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •