јануари 17, 2021

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 11 градови

ВМРО-ДМНЕ најави дека денеска ќе протестира во 11 градови.

– Продолжуваме, заедно со народот против продажбата на татковината. Народот се буди и нема назад. Срамот на Зоран Заев не е заеднички. Да не дозволиме Зоран Заев да ја менува историјата, туку да пратиме порака тој да замине во историјата – се вели во повикот.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните во 18 часот на протест во 11 градови.

– Време е граѓаните на Крива Паланка, Кратово, Свети Николе, Неготино, Струмица, Гевгелија, Струга, Крушево, Кичево, Македонски Брод и Гостивар да се обединат против злото наречено Зоран Заев. Протест сега, за да не биде предоцна! Оставка на Заев, слобода на народот! – се вели во соопштението.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •