јануари 15, 2021

Али Ахмети стана почесен доктор на Универзитетот во Тетово

Државниот универзитет на Тетово му го додели признанието почесен „Доктор Хонорис Кауса“ на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, објави Наставно-научниот совет на правниот факултет.

„Согласно член 184 од Законот за високо образование на Република Македонија и членовите 264 и 265 од Статутот на Универзитетот во Тетово, Наставно-научниот совет на Правниот факултет врз основа на одлуката за прифаќање на Иницијативата на ректорот на Универзитетот во Тетово Проф. Д-р Вулнет Амети за доделување на титулата Доктор Хонорис Кауза на г. Али Ахмети“ гласи во соопштението.

Комитетот за доделување на признанието е составен од:професорите Вулнет Амети како претседател и Шезаи Рокај и Арсими Бајрами како членови.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •