јануари 27, 2021

Шахпаска: Бројот на невработени го кренаа нашинците кои заради пандемијата се вратија дома

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска вели дека причини за големото зголемување на невработеноста од околу 46.000 граѓани кои се пријавиле како невработени во периодот на корона-кризата се должи на тоа што еден дел од младите се пријавиле во Агенцијата за вработување за да ја добијат финансиската поддршка од економскиот пакет на антикризни мерки, но и поради тоа што не можат да заминат на работа во странство.

Според неа, дополнително кога владата ги носела пакетите за финансиска поддршка, има прилив на голем број на млади кои аплицирале да добијат, прво финансиска поддршка, а дополнително за да влезат во проектот Гаранција за млади, односно младински додаток.

„Тоа се мерки кои владата ги презема, а за да може да ги користат тие права, тие дополнително се пријавија повеќе. Уште еден момент кој го зголеми бројот на невработени е тоа што голем дел од нашите граѓани коишто престојуваа во странство, а кои заради пандемијата се вратија во државата и останаа, почнаа да се пријавуваат во Агенцијата за вработување, со една единствена цел да имаат пристап до онаа финансиска поддршка што државата ја даваше во вид на ваучери, а сега директна финансиска помош која изнесува 6000 денари за купување на македонски производи. Реалната бројка на граѓани кои останале без работа заради пандемијата е оваа бројка од 15.800, но Ви кажува по кои основи’, вели Шахпаска во денешното интервју за Радио Слободна Европа.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •