јануари 23, 2021

Трамп: Ќе биде тешко да ја докажеме кражбата на изборите пред Врховниот суд

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека можеби ќе биде тешко пред Врховниот суд да ги изнесе своите тврдења за изборни измами.

Тој изрази сомнеж во својата правна стратегија, а надежите дека ќе го сврти изборниот резултат во своја корист се се помали, јави „Ројтерс“.

„Проблемот е во тоа што е тешко да се дојде до Врховниот суд“, рече Трамп денес во телефонско интервју за телевизијата „Фокс њуз“.

Трамп додаде дека ќе продолжи да се бори против резултатите од изборите, на кои за претседател беше избран кандидатот на демократите, Џо Бајден.

„Мојот ум нема да го промени ставот во следните шест месеци“, додаде Трамп.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •