јануари 24, 2021

Српската влада ја повлече одлуката за протерување на црногоскиот амбасадор

Ана Брнабиќ

Српската влада, по вечерашниот состанок кај претседателот Александар Вучиќ, се предомисли и ја повлече одлуката за протерување на црногоскиот амбасадор во Белград, Тарзан Милошевиќ.

Премиерката Ана Брнабиќ, која заедно со министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ, беа кај претседателот, изјави дека таа заедно со владата и целата Србија, комплетно се согласуваат со изјавата на амбасадорот Владимир Божовиќ.

Црна Гора го протера српскиот амбасадор Божовиќ, поради неговите изјава дека одлуката на подгоричкото собрание од 1918 година, за припојување на земјата кон кралството на СХС, била ослободување на Црна Гора и ја одразила слободната воља на црногорскиот народ.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •