јануари 23, 2021

Пандов: Заев како на тезга, продава јазик, идентитет, историја

Го повикуваме македонскиот народ и сите останати македонски граѓани да бидат будни затоа што во наредните денови очекуваме дека Зоран Заев е подготвен да потпише, како што тоа го нарекува неговиот министер за надворешни работи Османи, некаков патоказ, рече Пандов.

-ВМРО-ДПМНЕ тоа не го прифаќа и од тука ги повикуваме македонските граѓани да бидеме сплотени и обединети. Само на тој начин можеме да се спротивставиме на оваа штетна и зла политика која што за жал се плашиме дека може да нѐ доведе да го изгубиме македонскиот јазик, македонската историја и македонскиот идентитет, изјави Пандов пред зградата на Владата.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •