јануари 25, 2021

Николоски ексклузивно за Канал 77: Помалите политички партии го напуштаат Заев, Владата ќе падне

Александар Николоски

Мора час поскоро да се стави крај на целата оваа работа и јас сум среќен што македонскиот народ го крева гласот. Имаме ерупција од реакции овие денови. И мислам дека таа ерупција и енергија ќе се канализира правилно и дека ќе дојде до оставка на Владата на Заев, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во саботата во текот на вклувањето во емисијата „Стадион“ на радио Канал 77.

Николоски додаде дека веднаш по завршувањето на 100-те дена од избори на Влада ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе до Собранието прашање на доверба на Владата каде што очекува да се изгласа недоверба на оваа Влада.

„Постојат одредени пратеници кои што се од Коалицијата на СДСМ, но не од албанскиот блок туку условно кажано од македонскиот блок од помалите политички партии, коишто од самиот почеток беа незадоволни од функционирањето на Владата“, додаде Николоски.

Посочи дека пратеници од владејачкото мнозинство најавиле негово раситнување.

„А, по ова што го имаме како сознание еве тука ексклузивно за Канал 77 по последното интервју на Заев и случувањата поврзани со Бугарија тој процес е интензивиран и неколку помали политички партии, неколку пратеници комуницираат меѓу себе и размислуваат доколку веднаш не се стави крај на овие анационални политики да ја напуштат Владата. А, со тоа Владата ќе падне“, рече Николоски.

Истакна дека ВМРО-ДПМНЕ она што го направи е со Алијанса и Алтернатива се обединија во борба против организираниот криминал и корупција, затоа што корупција и криминал има насекаде во Македонија поради Заев и неговата екипа.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •