јануари 19, 2021

Кичевчани револтирани: Каде е македонското знаме во Кичево

Вчера по повод денот на албанското знаме во Кичево градот беше преплавен со албански знамиња.

По сите бандери низ градот беа поставени само албанските знамиња, никаде не можеше да се забележи македонското знаме.

Магистрален пат Кичево

Голем број од граѓаните реагираа на ваквиот чин од страна на локалните власти.

Доста од граѓаните својот револт од ваквиот чин на властите го истакнаа на социјалните мрежи.

Иако соживотот во Кичево помеѓу сите националности е на едно завидно ниво години наназад, како што вели еден од нашите соговорници, ова ги преминува сите граници.

Булевар Кичево

„Никој не го спори ваквиот чин, но сепак ова не навредува сите останати што живееме тука, денес се чувствуваме како да сме во друга соседна држава со овој колорит“, вели Александар од Кичево.

Според Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија во ниту еден случај не е дозволено истакнување на друго знаме без истакнување и на државното.

Општина Кичево

Денес од постаментите на бандерите беа отстранети знамињата, но се’ уште стојат знамередите долж главниот булевар во градот.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •