јануари 16, 2021

Дипломатска војна меѓу Србија и Црна Гора, Тарзан Милошевиќ протеран од Белград

Србија во саботата доцна вечерта за непожелно лице го прогласи црногорскиот амбасадор во Белград, Тарзан Милошевиќ, возвраќајќи реципрочно откако неколку часа претходно црногорското министерство побара од српскиот амбасадор во Подгорица, Владимир Божовиќ, да ја напушти Црна Гора.

Станува збор за одлука донесена на министерството за надворешни работи чие водство е на заминување, од поразената по три децении Демократска партија на социјалистите (ДПС) на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

На Божовиќ му се забележува што Подгоричкото собрание, на коешто во 1918 година е одлучено Црна Гора да биде присоединета на Србија, го нарекол „ослободување“ и „слободна волја“ на црногорскиот народ.

ДПС на Ѓукановиќ ја поздрави оваа одлука, но сега владејчката партија Демократски фронт најави дека новата влада ќе го укине оваа решение.

Милош Николиќ. Портпаролот на ДПС и сега опозициски пратеник, го обвини српскиот амбасадор за мешање во внатрешните работи на Црна Гора. „Очекувана одлука на министерството по повеќе опоменувања по кои Божовиќ продолжи со мешањето во внатрешните работи и омаловажувањето на Црна Гора“, рече Николиќ.

Лидерот на Демократскиот фронт, Андрија Мандиќ, рече дека прогласувањето на амбасадоро на Србија за „персона нон-грата“ во Црна Гора, само го пожакува очајот на режимот во заминување.

„Ваков однос на режимот во заминување не е само однос кон Србија, туку првенствено кон српскиот народ во Црна Гора“, напиша Мандиќ на Twitter.

Неговата партија соопшти дека новата влада на Црна Гора, веднаш откако ќе биде формирана, ќе ја поништи оваа одлуика и дека Божовиќ ќе го продолжи својот дипломатски ангажман „во знај на уважување на двете соседни земји и нивнтие бнатамошни соработка на рамноправна основа“.

Офицјален Белград засега не го коментираше потегот на Подгорица и се задоволи засега за својата мерка да извести преку соопштение кое дошло на увид во службената новинска агенција Танјуг, во кое штури се наведува дека српската страна се повикува на членот 9 од Виенската конвенција за дипломатските односи и оти црногорскиот дипломат во рок од 72 часа треба да ја напуштио земјата.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •