јануари 17, 2021

Горан Калоѓера: Македонското културно наследство навлегува длабоко во историјата

Говорејќи за македонското културно наследство, кое денес лесно се продава, треба да се каже следново. Македонското културно наследство (јазик, литература, култура, усна традиција, политика, востанија, списанија, преродбеници, антологии, Бели мугри …) не започна по Втората светска војна, ниту со Тито, ниту со НОБ. Навлегува длабоко во историјата, до IX век, кога две семејства се спојуваат во предградијата на Солун, едното потекнува од наследниците на Александар, а другото од словенските жители кои живееле во оваа област. Таа е создадена од генијалноста на талентиран и образован интелектуалец и неговиот вреден брат, кои со глаголско писмо засновано врз говорот на Словените отишле во Моравија и просветлиле голем дел од словенскиот свет, описмениле и христијанизирале.

(Културното наследство) продолжува со охридската школа, глаголички учења, литургија, пишана литература и пркос на глаголичар кој му рече НЕ на бугарскиот владетел. Продолжува со усната народна традиција, до предците, Пејчиновиќ, Крчовски, преродбениците Миладиновци, Жинзифов, Прличев, Цепенков, Зографски, Џинот, браќата Петковиќ, Шапкарев.

Следната генерација што го негува народниот збор во странство; Димитар Македонски, Венјамин Мачуковски, Н. Кучевиски, Т.Китанчев … Капчев, Делчев, Мисирков, Груев, Сандански. Продолжува во меѓувоениот период со Крле, Пановски, Марковски, Неделковски, Рацин. Во повоениот период се реализираат сите идеи од периодот на ренесансат … од јазик, литература, институции до држава. И напишан македонски поетски и прозен збор се појавува во делата на Чашуле, Матевски, Конески, Тодоровски, Јаневски, Шопов, Клетников, Ивановски, Андревски, Поповски, Урошевиќ, Котески, Ренџов, Ѓузел, Вангелов, Ќулавкова, Арсовски, Стефановски … И сосема на крајот, имате необразувана будала што мисли дека од позиција на политичка моќ, може да го продаде сето тоа за мали пари.

Ајде о…и будало!

Фејсбук статус на Горан Калоѓера

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •