јануари 16, 2021

ВМРО-ДПМНЕ: Утре протест во 11 градови: Оставка на Заев, слобода на народот

Вмро Дпмне

„Продолжуваме, заедно со народот против продажбата на татковината. Народот се буди и нема назад. Срамот на Зоран Заев не е заеднички. Да не дозволиме Зоран Заев да ја менува историјата, туку да пратиме порака тој да замине во историјата“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата ги повикуваат граѓаните утре во 18:00 часот на протест во 11 градови.

„Време е граѓаните на Крива Паланка, Кратово, Свети Николе, Неготино, Струмица, Гевгелија, Струга, Крушево, Кичево, Македонски Брод и Гостивар да се обединат против злото наречено Зоран Заев.

Протест сега, за да не биде предоцна! Оставка на Заев, слобода на народот!“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •