јануари 21, 2021

ТАКАНАРЕЧЕНИТЕ ПРОТЕСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ, ПОДДРЖАНИ ОД МАЛУБРОЈНИ ПРИВРЗАНИЦИ СЕ ДОКАЗ ЗА ОЧАЈОТ ВО КОЈ Е ЗАПАДНАТА ОВАА ПАРТИЈА

ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски е деструктивна партија без став, која секогаш ги става партиските интереси пред државните и во сите клучни моменти за европската иднина на земјата, се обидува да ги поткопува државните позиции, да кочи, да шири лаги и да подгрева тензии во јавноста, стои во соопштението од СДСМ.

Протестите на ВМРО-ДПМНЕ, поддржани од малубројни поддржувачи се израз на наводната загриженост и заработка на политички поени од страна на тие кои 11 години ја држеа земјата во заложништво, во режим, со замолчувања, медиумски мрак, упад во Собрание со обиди за убиство на пратеници, тепање студенти.

Бараат оставки, а избори имаше пред само 4 месеци, на кои народот му ја прати пораката на губитникиот Мицкоски, му го покажа патот, во опозиција, велат од СДСМ.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •